еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Како се добива златна виза за Дубаи

Претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче е во фокусот на јавноста и медиумите откако потврди дека имал златна виза за Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче потврди дека има златна виза за Дубаи

Тврди дека не ја добил истата поради тоа што таму поседува недвижности или поради тоа што инвестирал таму, туку поради тоа што бил во напредна фаза за работа во болница во Дубаи.

Како се добива златна виза за Дубаи?

Согласно регулативите на ОАЕ, златна виза во Дубаи се добива ако таму инвестирате 550.000 американски долари или ако имате валидна лиценца за работа таму.

За да се добие валидна лиценца за работа во Дубаи, прво треба да ви биде призната дипломата од факултет, а вториот услов е да имате минимум пет години стаж во ОАЕ во дејноста за која сте квалификувани.

Кој може да добие златна виза во Дубаи?

Златната виза во ОАЕ им овозможува на странците долготраен престој од 10 години без потреба од локален спонзор, како и целосна сопственост врз бизниси на територијата на зедмјата.

Ваква виза може да добијат инвеститори, претприемачи, научници, талентирани професионалци, одлични студенти…

Визата ним освен регулиран престој им овозможува и право на работа и учење, како и можност да ги спонзорираат своите најблиски.

Носителите на „златна виза“ можат слободно да патуваат и да престојуваат надвор од земјата повеќе од шест месеци без да ја загубат визата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колку македонски државјани имаат имот во Дубаи

Во Дубаи има 52 македонски фирми

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вевчанците кои на Вевчанскиот карневал го запалија бугарското знаме, треба да платат 17.000 евра казна

Редакција

Околу 200.000 вработени во странски компании во Русија, може да останат без работа поради санкциите

Редакција

(АУДИО) Португалската министерка Закаријаш рекла „северномакедонскиот јазик некогаш бил дел од бугарскиот јазик“

Редакција