еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Медицинска опрема во вредност од 13 милиони евра не се употребува, открива Државна ревизија

Поради необезбедени кадровски и просторни услови, опрема во вредност од 13 милиони евра и понатаму не е ставена во употреба, покажува ревизијата на успешност на тема „Искористеност на современа медицинска опрема“ на Државниот завод за ревизија.

Исто така, опрема во вредност од 5,5 милиони евра не се користи во полн капацитет, ниту пак се искористуваат дополнителните функционалности.

„Дел од опремата сè уште не е ставена во употреба или не се користи во доволна мера, главно поради недостиг на човечки ресурси и/или необезбедени просторни и други услови. Поради тоа, за одредени услуги и натаму не е обезбедена соодветна регионална достапност и задоволување на потребите на населението за здравствена заштита.

Во досегашниот период поставените стратешки цели се реализирани делумно, а набавката на нова современа медицинска опрема за јавни здравствени установи (ЈЗУ) , било со буџетски средства или преку проекти, не секогаш се вршела врз основа на критериуми за утврдување на приоритети за потребите, ниту била извршена соодветна анализа и координација за просторни услови, придружна опрема и стручен и обучен кадар за работа со истите,“ се вели во извештајот.

Во анализираниот период 2021-2023 година за потребите на ЈЗУ набавена е медицинска опрема во вкупна вредност од 16,2 милиони евра финансирана со буџетски средства, средства од заем и донација.

„Поради ограничени буџетски средства, не е набавена дополнителната опрема потребна за користење на сите нејзини функционалности. За дел од набавените апарати е обезбедена основна обука од производителот, но е потребна и дополнителна специјализирана обука за одредени здравствени работници за да можат целосно да ја користат опремата.

Вкупната вредност на медицинската опрема предмет на ревизија во опфатените ЈЗУ изнесува 57,7 милиони евра, од кои поголемиот дел или 68% се однесуваат на опрема што е ставена во употреба и често се користи над предвидените капацитети,“ се додава во извештајот.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Антонио Милошоски, кој е избран за потпретседател на Собранието

Редакција

(Фото) Армијата засилена со 200 професионални војници, догодина со уште 250

Редакција

Се што треба да знаете за „Спутник V“, руската вакцина која пристигна и во Македонија

Редакција