Од јули годинава треба да почне со работа новиот аеродром во Валона, Албанија.
Истиот, како што пренесуваат локалните медиуми, е инвестиција на конзорциум предводен од швајцарската компанија „Мабко констракшнс СА“, која е дел од групацијата „Мабетекс“ во сопственост на косовскиот бизнисмен Беџет Пацоли.
Аеродромот ќе има писта од 3.200 метри, а во првата фаза планира да опслужува околу еден милион патници годишно.
Оваа бројка се планира да се зголеми, бидејќи првата фаза е главно наменета за чартер-летови во летната сезона и за Албанци кои работат и живеат во дијаспората.
Терминалот на аеродромот се протега на 22.000 квадратни метри.
Планирана е и деловна зона околу аеродромот.
Досега е завршен само еден дел – главниот влез со брановиден покрив.
Фото: Vlora Airoport/Mabetex group