Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, на прославата на Илинден во Крушево зборуваше за македонскиот АБЕЦЕДАР за деца, кој во 1925 година бил промовиран во Атина.
„Чудно е, во името на слободата на мислата и нејзиното изразување, да слушате европски пратенички оспорувања на македонскиот идентитет, 100 години по печатењето на АБЕЦЕДАР-от за децата Македонци во Атина во 1925, под притисок на Лигата на народите!
Неразбирливо е пратеници среде Европскиот парламент, како школа на европската демократија да ве квалификуваат како млад народ и млада држава, со модерен јазик и модерен идентитет.
Ние не сме стебло без корен. Нашата слобода и нашата република се вкоренети во европската пролет на народите, во демократските и хумани визии на „Млада Европа“.
И затоа, на оној што ќе ни рече „вие сте млад народ со млада држава“, ќе му одговориме дека сме чеда на Гоцевата визија за „Млада Европа“ и за светот како поле за културен натпревар на народите!
Цврсто сме решени како што беше европски зацртано да стигнеме до целта до 2030 година, европеизирани по словото на Копенхагенските критериуми,“ рече Сиљановска-Давкова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото/Кабинет на претседател