Категорија: Гордана Сиљановска Давкова

Сиљановска Давкова ја пречека Мурму, прв претседател на Индија во официјална државна посета на Македонија

Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова, денеска во Скопје, ја пречека својата индиска колешка Друпади Мурму. Мурму е прв претседател на Индија, кој бил во државна посета на Македонија. Од Кабинетот на Сиљановска Давкова информираа дека двете претседателки разговарале за македонско-индиските односи, со акцент на можностите за соработка во економијата, образованието,

Прочитај повеќе

(Фото) Сиљановска Давкова на младенците им подари галичка пафта и заигра на оро на Галичка свадба

Денеска на „Галичка свадба“, најмладите галичани ме пречекаа со домашна нафора и сол, а потем проследив дел од свадбарските обичаи што со векови се пренесуваат низ мијачкиот крај, како еден од најавтентичните изрази на македонското културно наследство, информираше претседателката Гордана Сиљановска Давкова. „На овогодинешните младенци, Мартина Михајлова и Александар Пендароски

Прочитај повеќе

Не можеме да ревидираме историја на барање на некој друг, вели претседателката Сиљановска Давкова

Не можеме ние да ревидираме историја на барање на некој друг, вели меѓу друго во интервју за државната агенција МИА, македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова, подвлекувајќи дека кога е во прашање евроинтеграцијата, Македонија е исклучок, па наместо помош, добива блокади. Посочува дека во политиката има усогласување, ама во историјата нема.

Прочитај повеќе

Уставните измени не се единствениот услов за почеток на преговорите, кажа Сиљановска Давкова по средбата со бугарската колешка Јотова

Како што беше познато и од порано, уставните измени за внесување на Бугарите во македонскиот Устав не се единствениот услов за тргање на ветото од Бугарија и почнувањето на преговорите на Македонија со Европската унија (ЕУ). Тоа го кажа македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова по вчерашната средба со нејзината бугарска

Прочитај повеќе

Сиљановска Давкова во Софија цитираше бугарски автор: „Кога вратите на иднината се затвораат, минатото станува единствената татковина“

Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова, која учествува на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Софија, Бугарија, меѓу друго порача дека е потребно оживување на духот на регионалната соработка и враќање кон принципите врз коишто пред три децении беше воспоставен овој процес. Повтори дека процесот на проширување

Прочитај повеќе

Ниедна земја не треба по скратен пат да влезе во ЕУ, би било нефер кон земјите од Западен Балкан, кажа словачкиот претседател по средбата со Сиљановска Давкова во Братислава

Ниедна земја не треба по скратен пат да влезе во Европската унија (ЕУ), би било нефер кон земјите од Западен Балкан, кажа претседателот на Словачка, Петер Пелегрини на заедничка прес-конференција во Братислава со неговата македонска колешка Гордана Сиљановска Давкова, која денеска и утре е во посета на земјата. Пелегрини порача

Прочитај повеќе

Осомничениот за „шпионажа“ во Кабинетот на Сиљановска Давкова е пензионер кој претходно бил армиски специјалец, објави Телма

Наводната шпионажа во Кабинетот на македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова изминативе денови е во топ тема, а телевизијата Телма објави дека еден од осомничените, кој бил компјутерски техничар во Кабинетот, бил пензионер, кој претходно бил армиски специјалец. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Дали некој во Кабинетот на Сиљановска Давкова ја шпионира за странски

Прочитај повеќе

Што вели Сиљановска Давкова за наводната шпионажа во нејзиниот Кабинет

Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова е во фокусот на јавноста откако беше објавена информацијата дека Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) од декември лани води предистрага за наводна шпионажа во нејзиниот Кабинет. Предистрагата започнала откако до Обвинителството била доставена анонимна кривична пријава од вработени

Прочитај повеќе

Што велат од МВР за наводното шпионирање во Кабинетот на Сиљановска Давкова

Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова е во фокусот на јавноста откако беше објавено дека имало наводно шпионирање во нејзиниот Кабинет. За тоа од декември лани предистрага води Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), а истата е отворена по анонимна кривична пријава испратена до ОЈО ГОКК

Прочитај повеќе

Нема шпионска афера во Кабинетот на претседателката, вели Мицкоски

Наводното шпионирање во Кабинет на претседателката Гордана Сиљановска Давкова е во фокусот на јавноста, а од декември лани предистрага за тоа води Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), предводено од Ислам Абази. Предистрагата е отворена по анонимна кривична пријава испратена до ОЈО ГОКК од вработени

Прочитај повеќе

Македонија ќе добие оператор за пазарот на гас

Од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информираа дека Владата ја разгледала и усвоила Информацијата за потребата од формирање на оператор на пазар на природен гас и ги донела соодветните заклучоци за преземање на конкретни чекори за негово функционално воспоставување. Следствено на донесените заклучоци, препораките и задолжувањата се однесуваат

Прочитај повеќе

Јосиба Медикал поставува нов стандард во професионалната опрема за медицинските кадри

Со почетокот на работата на Јосиба Медикал, на македонскиот пазар се воспоставува нов специјализиран концепт за снабдување на медицинските професионалци и идните здравствени кадри со врвна професионална опрема. Понудата обединува светски брендови на медицински униформи и професионални обувки и останата медицинска опрема, со јасна цел, здравствените работници да добијат пристап

Прочитај повеќе

Од Олденбург до „Браќа Манаки“: Светска и македонска премиера за „Нема да ви се верува што се случи претходно“

По светската премиера во официјалната конкуренција на Меѓународниот филмски фестивал во Олденбург, македонскиот долгометражен филм „Нема да ви се верува што се случи претходно“, дебитантско остварување на режисерот Срѓан Јаниќијевиќ, ќе ја има својата македонска премиера на затворањето на 47. Интернационален фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола, што

Прочитај повеќе

„Најдоброто од Македонија“ вечерва пред Т Арена, со поддршка од Македонски Телеком

Музичкиот проект „Најдоброто од Македонија“ на една сцена ги носи Слаткаристика, Суперхикс, 2 Бона, Фанк Шуи и Дина Јашари – артисти со кои пораснаа и сè уште растат различни генерации. Концертот започнува во 20:00 часот, влезот е бесплатен, а публиката ја очекува голема аудио-визуелна продукција и вечер исполнета со најдоброто

Прочитај повеќе

Собранието ја именуваше Арљинда Хасани Синани за вицегувернерка на Народната банка

На предлог на гувернерот на Народната банка Трајко Славески, Собранието ја именуваше Арљинда Хасани Синани за вицегувернерка на Народната банка, со мандат од седум години. Хасани Синани е дипломирана економистка со 22-годишно професионално искуство во банкарскиот сектор, стекнато на стручни и раководни позиции во областа на кредитирањето, управувањето со ризиците

Прочитај повеќе

Ќе го екстрадира ли Бугарија Симеон Михаилов, кој во Македонија е осуден и за обид за убиство

Симеон Михаилов од Кочани, кој извесен период е недостапен за надлежните органи, а за кого има и меѓународна потрерница од Министерството за внатрешни работи, бидејќи е осуден како соизвршител во злосторничкото здружување, за обид за убиство и за насилство, се појави на протест пред македонската Амбасада во Софија, Бугарија, а

Прочитај повеќе
  • Најчитани вести

  • Најчитани вести