Што велат од МВР за наводното шпионирање во Кабинетот на Сиљановска Давкова

Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова е во фокусот на јавноста откако беше објавено дека имало наводно шпионирање во нејзиниот Кабинет.

За тоа од декември лани предистрага води Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), а истата е отворена по анонимна кривична пријава испратена до ОЈО ГОКК од вработени во Министерството за внатрешни работи (МВР).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дали некој во Кабинетот на Сиљановска Давкова ја шпионира за странски разузнавачки служби?

Обвинителството во текот на предистрагата од Секторот за компјутерски криминал во МВР побарало анализа на податоците од запленетите мобилните телефони и на податоците екстрахирани од компјутерската опрема обработена во Истражниот центар на ОЈО ГОКК, како и анализа за постапувањето по судската наредба за увид и пребарување во информативниот систем на Кабинетот на претседателката, со задолжение до Обвинителството да биде доставено известување за прибраните докази.

Од таму се пожалија дека предистрагата се развлекла оти од МВР сѐ уште не добиле извештај дали наводно украдените податоци се декодирани и дека сè уште не можат да обезбедат копии од снимките од безбедносните камери во претседателскиот и пред претседателскиот Кабинет, иако ги барале и кај претседателката и од владината Служба за општи и заеднички работи, за да се докаже точно кој наводно преснимувал и извлекувал доверливи информации од компјутерскиот систем.

Од МВР пак велат дека Секторот за компјутерски криминал постапува по двете наредби од Обвинителството.

Моментално била во тек анализата на сите електронски докази извлечени од конфискуваните уреди, посочувајќи дека станува збор за поголема количина електронски материјал за кој е потребен подолг временски период, дека анализата била во завршна фаза и дека во наредниот период целиот доказен материјал ќе бил доставен до ОЈО ГОКК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што вели Сиљановска Давкова за наводната шпионажа во нејзиниот Кабинет

Нема шпионска афера во Кабинетот на претседателката, вели Мицкоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести