Дали некој во Кабинетот на Сиљановска Давкова ја шпионира за странски разузнавачки служби?

„Слободен печат“ објави дека се води предистрага за сомнеж за можна шпионажа и неовластено извлекување податоци од компјутерскиот систем во Кабинетот на македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова.

Како што пишува весникот предистрагата, која се уште не е завршена, ја води Основното јавно обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, потврдуваат од таму за “Слободен печат“.

Истата се води од декември лани.

Предистрагата започнала откако до Обвинителството била доставена анонимна кривична пријава од „група вработени во МВР“, во која се тврди дека доверливи податоци биле копирани и енкриптирани, со сомнеж дека можеле да завршат кај странски разузнавачки служби.

Пријавата била испратена и до „Слободен печат“.

Според пријавата под сомнение бил ИТ-администратор во Кабинетот, а во истата се споменувале и други функционери од Кабинетот и од Агенцијата за разузнавање, за кои постоеле сомнежи дека можеби учествувале во прикривање докази.

Во рамки на предистрагата од Обвинителството биле издадени наредби за пребарување на компјутерски системи и екстракција на податоци од компјутери доставени од Кабинетот на претседателката, велат од таму за весникот.

Според Обвинителството, од МВР сѐ уште немале добиено извештај дека податоците се декриптирани, односно декодирани.

Исто така, Обвинителството сè уште не може да обезбеди копии од снимките од безбедносните камери во претседателскиот и пред претседателскиот Кабинет, иако ги барало и кај претседателката и од владината Служба за општи и заеднички работи, за да се докаже точно кој наводно преснимувал и извлекувал доверливи информации од компјутерскиот систем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема шпионска афера во Кабинетот на претседателката, вели Мицкоски

Фото: Кабинет на претседателката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести