Што треба да имате во комплетот за прва помош ако патувате во Грција и која е цената

Обврската за поседување на нов комплет за прва помош за возачите кои патуваат во Грција наместо од јуни годинава ќе се применува од 1. јануари 2027 година.

Одлужувањето е за да можат возачите и пазарот полесно да се приспособат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За од јануари 2027 година одложено правилото за нов комплет за прва помош за патување во Грција

Казната за непоседување на овој комплетот е 30 евра, а истиот содржи неколку специфични фармацевтски материјали.

Како што објаснија од Автомото сојузот на Македонија за еМагазин, во комплетот треба да има измотермално ќебе со димензи 210 на 160 сантиметри, медицински маски – две парчиња (тип IIR /FFP2), два пара ракавици за еднократна употреба од винил или нитрил, влажни марамици за кожа – две пакувања, специфични завојни материјали – медицинска лента – 5 метри на 2 сантиметри, комплет од 14 фластери со разлилни димензии, стерилни завои со газа мали, средни и големи, стерилна облога за изгореници – 60 на 80 сантиметри, триаголник марама, компреси за рани, тесен и широк еластичен завој, ножици и упатство за прва помош со илустрации.

Сите овие фармацевтски материјали мора да бидат со одреден рок на траење, во добра состојба и означени со (CE) во согласност со регулативата на Европската унија за медицински помагала.

Истиот таму може да се набави за 870 денари.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести