За од јануари 2027 година одложено правилото за нов комплет за прва помош за патување во Грција

Од 1. јануари 2027 година ќе важи правилото за поседување на нов комплет за прва помош за возачите кои патуваат во Грција.

Одлуката е објавена во Службениот весник на Грција.

Примената на законската обврска се одложува за да можат возачите и пазарот полесно да се приспособат.

Претходно беше најавено дека правилото ќе се применува од 18. јуни годинава.

Казната за непоседување на комплетот е 30 евра, а истиот содржи 16 специфични предмети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

30 евра казна за возачите во Грција кои немаат нов комплет за прва помош

Што треба да поседувате во автомобил ако патувате за Грција: Нови прописи и казни

Грција потврди: Нема да има отстапки за никој за фотографирање и земање отпечатоци на прсти при влез во земјата

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести