30 евра казна за возачите во Грција кои немаат нов комплет за прва помош

Од 18. јуни сите возила кои влегуваат во соседна Грција треба да носат нов пообемен комплет за прва помош.

Информацијата ја соопштија од Асоцијацијата на превозници „Макам-транс“.

Казната за непоседување на овој комплет е 30 евра.

Комплетот содржи 16 специфични предмети, меѓу кои и специјализирано изотермално спасувачко ќебе и облоги за изгореници.

Исто така како што информираат од таму фармацевтските материјали кои се во кутијата за прва помош мора да бидат со рок на траење, во добра состојба и означени со (CE) во согласност со Регулативата на Европската унија за медицински помагала.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За од јануари 2027 година одложено правилото за нов комплет за прва помош за патување во Грција

Што треба да поседувате во автомобил ако патувате за Грција: Нови прописи и казни

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести