Скопје Прајд ќе се одржи на 20. јуни

Под слоганот „Сите нека знаат“ на 20. јуни ќе се одржи Скопје Прајд.

Организаторите велат дека со слоганот сакаат да ѝ се спротивставаат на „тишината што ни се сервира како услов за безбедност и прифаќање, како и на замолчувањето што го добиваме како одговор на нашите барања и протести.

-„Сите нека знаат“ е порака против системското бришење и истиснување на ЛГБТИК+ луѓето од јавниот простор, културата и колективната меморија.

Со овој слоган јасно порачуваме дека постоиме, тука сме и одбиваме да се смалуваме за да бидеме прифатени. Ние сме дел од семејствата, пријателствата, работните места и секојдневниот живот на ова општество.

Истовремено, сакаме да укажеме и на тежината што видливоста сè уште ја носи за многу ЛГБТИК+ луѓе, кои живеат со страв од последиците доколку „сите дознаат“, велат тие.

Собирањето на учесниците ќе започне во 18 часот кај Фонтаната во Градски парк, а маршот ќе започне во 19 часот. Поворката ќе се движи по булеварот Илинден, улицата Рузвелтова, булеварите Партизански одреди и ВМРО, како и по улицата Димитрије Чуповски, со завршница во Жена парк – Борец.

Фото: Скопје Прајд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести