Врнежи од дожд и нестабилно време и за викендов

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавија дека периодот на нестабилност ќе трае и за време на претстојниот викенд.

Како што најавуваат од таму во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот, а кое ќе биде проследено со умерен до засилен северен ветер кој на моменти ќе достигнува брзина од над 50 километри на час.

Во четврток се очекува изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Во петок и во деновите од викендот нестабилноста ќе се прошири на повеќе места. Се очекуваат пообилни врнежи, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Се очекуваат над 20 литри на квадратен метар дожд, грмежи и силен ветер со брзина над 60 километри на час.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести