Синот на основачот на „Манго“ осомничен за смртта на татко му

Џонатан Андик, синот на основачот на модниот светски гигант „Манго“, Исак Андик (71), е уапсен за неговата смрт.

Андик загина во декември 2024 година на планинарење во Каталонија, Шпанија, а неговиот син тогаш кажа дека татко му случајно паднал од карпа откако се лизнал на една од патеките.

Случајот беше прогласен за несреќа, но поради недоследности во изјавите на неговиот син и други докази, шпанските истражители продолжија да го испитуваат случајот.

Џонатан Андик беше потпретседател на Бордот на директори на „Манго“, а според шпанските медиуми двајцата имале напнати односи и имале сериозна расправија непосредно пред инцидентот.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести