На граничниот премин Стар Дојран вчера биле запленети 66 пакувања со марихуана скриени во кутии за крем и павлака.
Од страна на Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки биле уапсени 32-годишната А.К. од Валандово и Н.С. (36) со живеалиште во Нов Дојран, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Дрогата била најдена при контрола и преглед на патничко возило „сеат атека“ со гевгелиски регистарски ознаки на излез од државата, а го управувала уапсената.
Во врска со настанот, Секторот за внатрешни работи (СВР) Струмица извршил претреси на повеќе локации и по целосно расчистување и документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.


Фото: МВР














