Силекс го освои Купот на Македонија, фудбалерите на Шкендија „задоцнија“ за медалите, нивните навивачи ја исвиркаа македонската химна

Фудбалерите на Силекс од Кратово го освоија Купот на Македонија, победувајќи го тимот на Шкендија од Тетово со 1: 0.

Натпреварот се одржа вчера на националната арена „Тодор Проески“, а оваа е четврти купски трофеј за Силекс. Претходно го имаат освоено во 1994, 1997 и 2021 година.

Со освојувањето на Купот на Македонија Силекс успеа да избори пласман во УЕФА Конференциската лига. 

На почетокот на натпреварот навивачите на Шкендија ја исвиркаа македонската химна, а фудбалерите и стручниот штаб на тетовскиот клуб одбија да ги примат медалите за освоеното второ место.

Од Шкендија по бројни реакции за непрофесионалното однесување преку соопштение се правдеа дека нивниот стручен штаб и фудбалерите не го слушнале повикот на спикерот на стадионот, кој ги повика неколку пати да ги примат медалите и дека целата ситуација била последица на недоразбирање и технички пропуст во емоционалните моменти по натпреварот.

Фото: Фудбалска федерација на Македонија/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести