Сиљановска Давкова во Софија цитираше бугарски автор: „Кога вратите на иднината се затвораат, минатото станува единствената татковина“

Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова, која учествува на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Софија, Бугарија, меѓу друго порача дека е потребно оживување на духот на регионалната соработка и враќање кон принципите врз коишто пред три децении беше воспоставен овој процес.

Повтори дека процесот на проширување на Европската унија (ЕУ) мора да се темели на Копенхашките критериуми, а напредокот во спроведувањето на реформите да го диктира темпото на пристапниот процес.

Се повика и на зборовите на бугарскиот автор Георги Господинов: „кога вратите на иднината се затвораат, минатото станува единствената татковина“, предупредувајќи на потребата од дебалканизација преку европеизација.   

Порача дека европската интеграција е природна, како и геополитичка и безбедносна неопходност, а стабилен, просперитетен и европски Балкан е во интерес на сите држави во регионот, но и на Европа. 

Повика и на регионална одговорност, како гарант за чекорење кон предвидлива и сигурна заедничка иднина, истакнувајќи дека успехот на секоја држава треба да се доживува како успех на целиот регион, а натпреварот да се води во знаење, иновации, култура и економски развој, наместо во блокади и поделби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Важно е да знаеме дека нема да има дополнителни барања за земјата поврзани со историјата, идентитетот и јазикот, кажа Муцунски од Софија

Фото: Кабинет на претседателката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести