Уставните измени не се единствениот услов за почеток на преговорите, кажа Сиљановска Давкова по средбата со бугарската колешка Јотова

Како што беше познато и од порано, уставните измени за внесување на Бугарите во македонскиот Устав не се единствениот услов за тргање на ветото од Бугарија и почнувањето на преговорите на Македонија со Европската унија (ЕУ).

Тоа го кажа македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова по вчерашната средба со нејзината бугарска колешка Илијана Јотова на маргините на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), кој се одржува во Софија, Бугарија.

Таа рече дека со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој исто така учествува на Самитот, сакале да ги слушнаат позициите на Бугарија.

-На обајцата ни стана јасно – не се во прашање само уставните измени, туку се во прашање и други барања поврзани со протоколите што произлегуваат од работата на исторската комисија. Толку можам засега да кажам, рече таа.

За време на средбата македонската делегација меѓу друго ги изложила своите позиции и видувања, особено потенцирајќи ја обврската на сите членки на Советот на Европа, кои се и членки на ЕУ, да ги почитуваат пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Како што е познато Бугарија со години не спроведува дури 14 пресуди кои ги загуби пред Судот, а се однесуваат на правата на Македонците во Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И ОН реагира оти Бугарија не ги почитува правата на Македонците

Јотова пак изјави дека Бугарија очекува Македонија да ги исполни европските критериуми за членство во ЕУ, односно фамозниот француски предлог од 2022 година, кој самата го потпишала, а кој стана европски став за пристапување на земјата во ЕУ.

Како што пренесуваат бугарските медиуми таа нагласила дека ова се европски критериуми за членство, а не бугарски барања, повторувајќи дека за да започне преговори, земјава мора да ги исполни обврските за вклучување на Бугарите во Уставот, и инсистирала на почитување на правата на македонските Бугари и ставање крај на, како што рекла, говорот на омраза во земјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сиљановска Давкова во Софија цитираше бугарски автор: „Кога вратите на иднината се затвораат, минатото станува единствената татковина“

Важно е да знаеме дека нема да има дополнителни барања за земјата поврзани со историјата, идентитетот и јазикот, кажа Муцунски од Софија

Две нови блокади од Бугарија: За Акцискиот план за малцинства и за иницијативата “Три мориња“

Фото: Кабинет на претседателката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести