Наводната шпионажа во Кабинетот на македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова изминативе денови е во топ тема, а телевизијата Телма објави дека еден од осомничените, кој бил компјутерски техничар во Кабинетот, бил пензионер, кој претходно бил армиски специјалец.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дали некој во Кабинетот на Сиљановска Давкова ја шпионира за странски разузнавачки служби?
Имено, како што е познато во кривичната пријава која група вработени во Министерството за внатрешни работи (МВР) ја испратиле до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, кое од декември лани води предистрага за случајот, тој е пријавен дека копирал фајлови од компјутер во Кабинетот.
Според Телма тој бил припадник на елитната армиска специјална единица Волци. Таму бил подофицер надлежен за врски и комуникации во единицата. Бил преземен од Кабинетот на претседателот во времето кога аѓунтант на тогашниот претседател Ѓорге Иванов беше генералот Васко Ѓурчиновски.
Истата функција ја вршел и во Кабинетот на поранешниот претседател Стево Пендаровски.
Според телевизијата тој бил надворешен соработник, а работното место му било во армиските специјалци, каде се добива и бенефициран стаж. Поради тоа заминал во пензија, но бидејќи не можело да се добие одобрување од Министерство за финансии за ново вработување, тој продолжил и како пензионер да работи во Кабинетот на Сиљановска Давкова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што вели Сиљановска Давкова за наводната шпионажа во нејзиниот Кабинет
Што велат од МВР за наводното шпионирање во Кабинетот на Сиљановска Давкова
Нема шпионска афера во Кабинетот на претседателката, вели Мицкоски
Фото: Кабинет на претседателката














