Фирмите за брзи кредити во Македонија повторно се во фокусот на јавноста, откако “Креди Јес“ (Credi Yes) ДОО Скопје остана без дозвола за работа, која ја добило во 2019 година.
Станува збор за финансиско друштво кое има 39 подружници во Македонија и околу 110 вработени, а чии сопственици се од Бугарија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кое е друштвото за брзи кредити „Креди Јес“, кое остана без дозвола
Зошто остана без дозвола?
Како што велат од Министерството за финансии за еМагазин, дозволата за работа на финансиското друштво е одземена согласно Законот за финансиските друштва.
Причината е поради тоа што во период од една година на Друштвото му биле изречени два прекршоци.
-Првиот прекршок се однесува на недоставување на финансиски извештај и ревизорски извештај до Министерството за финансии во законски утврдениот рок, со што е постапено спротивно на член 20 став (4) од Законот за финансиските друштва.
Вториот прекршок е утврден по пријава од граѓанин, при што е констатирано дека Друштвото погрешно ја пресметувало годишната стапка на вкупни трошоци, поради што таа била повисока од законски дозволениот максимум, спротивно на член 20-а од Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити, велат од Министерството за еМагазин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Колку фирми за брзи кредити има во Македонија
Како работело друштвото за брзи кредити „Креди Јес“, кое остана без дозвола














