Министерството за финансии трајно одзеде дозвола за работа на големо финансиско друштво, ама не кажа кое

Министерството за финансии донело решение со кое му ја одзело дозволата за работа на едно од поголемите финансиски друштва на македонскиот пазар.

Од таму не соопштуваат за кое друштво се работи.

Одлуката била донесена по вонреден надзор покренат по пријава од граѓанин, при што биле констатирани тешки прекршувања на законските прописи.

Од таму велат дека инспекцискиот надзор во друштвото утврдил грубо непочитување на законите и постапување, кое било во директна спротивност со правилата за заштита на корисниците, бидејќи друштвото применувало практики со кои директно ги довело во ризик граѓаните кои ги користеле нивните услуги.

Поради сериозноста и тежината на овие неправилности, Министерството, донело одлука за трајно одземање на дозволата за вршење на дејноста.

Од таму информираат и дека годинава по надзори биле изречени 22 глоби за 16 друштва, како и 23 писмени наредби за отстранување на утврдените неправилности.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести