Фирмите за брзи кредити во Македонија подолг период се во фокусот на јавноста поради начинот на нивното работење, но и поради практики со кои ги доведуваат граѓаните во ризик.
Една од нив, „Креди Јес“ (Credi Yes) ДОО Скопје, деновиве остана без дозвола за работа.
Истата му ја одзеде Министерството за финансии. Дозволата Друштвото ја добило на 31.10.2019 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зошто фирмата за брзи кредити “Креди Јес“ остана без дозвола за работа
Кое е „Креди Јес“
Според информации кои може да се најдат на официјалната страна на Друштвото, истото во Македонија има 39 подружници во повеќе градови. Планирало отварање и на нови.
Освен во Скопје има подружници и во Битола, Куманово и Тетово, Гостивар, Прилеп, Струмица…
Зад Друштво стојат сопственици од Бугарија. Имено, според податоци на companywall.com.mk управители од септември 2023 година се Ивајло Михајлов Инџов и Борислав Стефанов Георгиев.
Има околу 110 вработени.
Првата филијала во Бугарија ја отворило во 2009 година, а таму има над 110 подружници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Колку фирми за брзи кредити има во Македонија
Како работело друштвото за брзи кредити „Креди Јес“, кое остана без дозвола
Фото: Унсплеш














