Маж на возраст од 64 години вчера бил пронајден починат во летниковецот на Средно Водно -„Видиковец“.
Станува збор за Б.П. од Скопје, а како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје, тој претходно во полицијата бил пријавен за исчезнат.
Неговото тело е дадено на обдукција.
Фото: Унсплеш














