Колку фирми за брзи кредити има во Македонија

Фирмите за брзи кредити во Македонија повторно се топ тема, откако една од нив – “Креди Јес“ (Credi Yes) ДОО Скопје остана без дозвола за работа.

Како што информираа од Министерството за финансии, Друштвото останало без трајна лиценца за работа, која ја добила во 2019 година, бидејќи не ги почитувало законските прописи и применувало практики кои ги довеле граѓаните во ризик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кое е друштвото за брзи кредити „Креди Јес“, кое остана без дозвола

Колку фирми за брзи кредити има во Македонија

Според Регистарот на Министерството за финансии во земјава има 25 фирми за брзи кредити.

Најголемиот дел од нив се во Скопје, но има и од Прилеп, Струмица, Охрид…

Последниве години нивниот број се намали за 10, откако беше заострена регулативата во 2023 и 2024 година.

Заострувањето на регулативата следеше откако имаше случаи на злоупотреба на лични податоци на граѓани кои воопшто не зеле ваков кредит, но и поради нетранспаретноста на фирмите од овој бизнис, односно скриените трошоци кои овие фирми не ги комуницираат како што треба со клиентите.

Сега од Министерството за финансии најавија нови законски измени, со кои дополнително ќе се заострат условите и критериумите за работа на овие фирми. Со нив се планира да се намали ризикот од прекумерно задолжување кај граѓаните, да се обезбеди поголема заштита на потрошувачите и да се зголеми транспарентноста и одговорноста во работењето на овие финансиски друштва.

Овие кредити се популарни кај граѓаните поради онлајн аплицирањето, брза обработка и брзото одобрување на парите. 

Како да проверите дали фирма за брзи кредити има лиценца

Информации за лиценците на овие финансиски друштва, кога ги добиле истите, и кои се сопствениците, можете да најдете во Регистарот на Министерството за финансии, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зошто фирмата за брзи кредити “Креди Јес“ остана без дозвола за работа

Како работело друштвото за брзи кредити „Креди Јес“, кое остана без дозвола

Министерството за финансии трајно одзеде дозвола за работа на големо финансиско друштво, ама не кажа кое

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести