Сто и девет граѓани за три дена од пуштање на телефонската линија за повредените лица и нивните семејства која е во директна комуникација со Канцеларијата на премиерот ја искористиле можноста и доставиле свои барања и предлози, информираат од Влада.
Од таму најавуваат и дека тим на лекари од 10 јуни до 20. август во рехабилитацискиот центар Пониква на сите лица ќе им пружат дополнителна медицинска грижа, но и психолошка поддршка.
„Водено, ги повикуваме и ги охрабруваме сите повредени лица кои се засегнати да се јават на телефонскиот број 070/355-526 и да ги изразат своите барања и потреби,“ велат од Влада.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Катерина Паниќ Мирчовска е нов в.д. директор на Општа болница Кочани