11.000 административци ќе добијат зголемени плати од 40%-Мицкоски очекува поголема ефикасност

Денес, после скоро две години преговори, се уважи барањето на Синдикатот на УПОЗ, вработените во управата и правосудството да добијат зголемување на своите плати за 40%, информира Синдикатот.

„На средба со претставниците на Владата беше договорено да се потпишат колективни договори на ниво на работодавач, а опфатот се однесува на 11.000 вработени во управата и правосудството.

Синдикатот на УПОЗ во следниов период ќе изготви текст на Колективен договор и истиот ќе биде проследен до Министерството за јавна администрација се со цел да биде дефиниран конечниот текст,“ велат од таму.

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека Владата, како најголем работодавач, воспоставува договор со рок на траење до 2028 година и ги регулира односите со вработените во институциите.

„Ова е историски момент бидејќи досега никогаш не сме имале ваков долгорочен план за усогласување на примањата. Ќе треба да обезбедиме над 10 милиони евра годишно за покачените плати. Владата го заврши својот дел од обврските, а сега очекувам зголемена ефикасност на администрацијата. Лично, секој месец ќе го следам нивото на ефикасност. Доколку платите растат, мора да расте и квалитетот на услугите за граѓаните,“ изјави Мицкоски.

Фото/Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести