Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека се регистрирани 110.000 сообраќајни прекршоци, од кои околу 1.000 возила без регистрација, а околу 5.000 поминале на црвено. Во 90 отсто од нив забележана е брзина поголема од дозволената.
Во овој тест-период констатирано е дека во одреден дел од прекршоците, записниците не стигнале до вистинските возачи.
Во обраќање на Националната конференција за безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа, Тошковски рече дека Македонија во последните 15 години е синоним за врв на жртви предизвикани од непочитување на сообраќајни правила. Бројката на жртви во последната година изнесува 145.
„Лани бројката е 142 жртви, за жал, најголем број се млади до 29 години, а и во рамки на светските параметри најголем број од почнатите млади во светот се како последица на непочитување на сообраќајните правила. Бројката од 142 жртви не е обична, тоа се луѓе со семејства кои ги губат животите на улиците,“ рече Тошковски.
Тошковски најави неселективни казни за сите, вклучувајќи и шофери на функционери.Заклучно до средина на 2026 година треба да се примени на територија на цела држава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како граѓаните го прифатија „Безбеден град“: Најмногу реакции за казните за брзина од 51км/ч














