Во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување функционира нов контакт центар, а новиот теелфонски број е 02/ 15 215, а заинтересираните можат да се јават од 8 до 16 часот, од понеделник до петок.
„Во контакт центарот, граѓаните имаат можност да добијат податоци за состојбата на нивниот предмет или доставеното барање, како и податоци за условите за стекнување на: старосна пензија, семејна пензија и инвалидска пензија, најмал износ на пензија и остварување права со примена на меѓународни договори.
Исто така, можат да се добијат информации и за реализација на правата од Законот за работните односи: скратено работно време, промена на работно место, непосредна закана од настанување на инвалидност, утврдување на статус на осигуреници (земјоделци), продолжено осигурување, испратени во странство и вработени во странство, специфични категории на осигуреници (верски лица), остварување права за осигуреници со посебен стаж, задршки од пензија и услови за остварување право за сместување во дом за стари лица,“ се вели во соопштението.