Судскиот процес за пожарот во т.н. дискотека во Кочани, во кој загинаа 63, а беа повредени 202 лица започнува на 19. ноември, а предметот ќе го застапуваат најверојатно 15 јавни обвинители, информираше денеска републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски.
„Во судница ќе го застапуваат обвинението истите обвинители што беа и досега, меѓутоа морам да нагласам дека вчера имавме состанок, најверојатно уште неколку обвинители ќе ангажираме имајќи предвид, да не се отежне односно да не се наруши постапката на другите обвинители, што имаат други предмети, што значи дека можеби не секогаш ќе присуствуваат сите обвинители, меѓутоа секогаш ќе има обвинители за да не се одолговлекува постапката или да не се одлага по, да не речам, вина на Обвинителството“, рече Коцевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој се е обвинет за пожарот во Кочани
Која е судијката Диана Груевска Илиевска која ќе го суди предметот за пожарот во Кочани
Фото: Игор Бансколиев














