16-годишник загина, откако со мопед излета на регионалниот пат Охрид-Св.Наум

16-годишник загина, а негов врсник е повредн откако со мопед излетале од коловозот и удриле во метален столб

„На 17.07.2025 во 01.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, на потегот помеѓу населбата Рача и стариот влез за хотелот Парк, мопед управуван од 16-годишник од Охрид, излетал од коловозот и удрил во метален столб.

Тој се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница во Охрид, каде им подлегнал на повредите.

Сопатникот, исто така 16-годишник од Охрид, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид,“ се вели во соопштението.

По овластување на јавен обвинител, увид на местото на несреќата изврши екипа на СВР Охрид. 

Фото/Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести