Во сообраќајна несреќа во неготинско Тимјаник, животот го загуби 17-годишно момче откако со мопед удрил во бетонски столб.
„На 20.12.2025 во ОВР Неготино, било пријавено дека во 00:50 часот, во село Тимјаник, неготинско, мопед „лонгија“ со неготински регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од село Тимјаник, удрил во бетонски столб.
Од здобиените повреди, на местото на настанот починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Неготино, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот малолетник било дадено на обдукција.













