Андреј Танасковски (18) од Македонија е осомничен дека минатата недела на 7. август се обидел да го убие криминалецот Марко Љубиша (56), познат како Кан од Будва, Црна Гора, во хотелскиот комплекс „Маестрал“, информираше црногорската полиција.соопшти Полициската управа.
Кан, кој се здоби со повреда на главата, како што пренесуваат црногорските медиуми е висок член на криминална група поврзана со т.н. Шкаљарски клан. Тој сега е на домашно лекување.
Според црногорските медиуми Танасковски во Црна Гора бил со лична карта на име на државјанин на Србија, Јован Г..
Македонецот заработи пријава за три кривични дела – обид за убиство, нелегално поседување и носење оружје и експлозиви и фалсификување исправа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Унсплеш