Девојка на возраст од 19 години загина завчера откако возило „бмв“ излетало на патот Скопје-Тетово.
Станува збор за В.М. од селото Семениште, Општина Сарај, која како што информираа од Секторот за внатрешни работи Скопје, починала во Комплексот клники „Мајка Тереза“, каде со тешки телесни повреди била пренесена по несреќата.
Во несреќата се повредени и сопатничките во возилото, А.М. (21), А.М. (21) и Р.М. (24), сите од Семениште.
Со возилото со скопски регистарски таблички управувала 22-годишната М.Џ. од Семениште.