Девојка на 22-годишна возраст синоќа по 2 часот по полноќ била киднапирана на улицата “Маршал Тито“ во Струга.
Се работи за С.Е. (22) од Скопје, која како што информираа од полицијата била насилно киднапирана од А.Н. и уште едно засега непознато лице. Откако ја киднапирале со возило заминале во непознат правец.
Неколку часа подоцна девојката со повреди се појавила во Градската општа болницата „8 Септември“ во Скопје, каде побарала медицинска помош.
Таму и биле констатирани телесни повреди.