Десетте македонски бранители кои беа убиени кај Карпалак се уште немаат достоен споменик

Македонија денеска обележува 24 години од убиството на десетмината армиски припадници кај месноста Карпалак, кои за време на воениот конфликт во 2001 година во заседа беа убиени од страна на припадници на терористичката УЧК.

И по 24 години за прилепските бранители: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски се уште нема никаков споменик на тоа место, освен спомен плоча.

Фото: МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести