26-годишник загина откако со возило излетал од пат во гостиварско

Момче на возраст од 26 години загина откако со возило вчера излетало од пат во гостиварско.

„На 11.10.2025 во 13:30 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на локалниот пат с.Чегране – с.Корито, гостиварско, патничко возило „фолксваген голф“, управувано од Л.М. (26) од с.Форино, гостиварско, излетало од патот.

Од здобиените повреди, возачот починал на местото, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт,“ велат од Министерството за внатрешни работи.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести