(Видео) 2Бона го објави албумот „‘94 – Chapter 1„

Македонското дуо 2Бона, составено од Марио Јелиќ-Кун и Антонио Стојановски-Тонито, го објави „Chapter 1” – првиот дел од албумот со наслов „‘94“.

Како што велат од дуто албумот зборува за нивното лично и музичко созревање, а името на албумот е инспириран од годината на раѓање на Кун и Тонито.

Истиот има шест песни – „Еверест”, „Ради реда”, „Лето”, „Еурека”, „Сука” и „Мозаик”, за кои се објавени и видео записи.

Во продукцијата на истиот учествувале Лазар Цветковски, Иле Спасев, Кун и Филип Андреев.

Албумот е достапен на сите стриминг платформи, вклучувајќи Spotify, Apple Music, YouTube Music и Deezer.

Фото: Промо

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести