Жена на возраст од 33 години загина вчера во сообраќајна несреќа, која се случи на автопатот Гостивар – Тетово, во близина на натпатникот за Камењане.
Како што информираа од Секторот за внатрешни работи Тетово се работи за Ѓ.А. од селото Боговиње, која починала на лице место.
Таа била сопатничка во патничко возило ‘голф’ со тетовски регистарски таблици, кое излетало од патот.
Шест други лица се повредени. Меѓу нив е лицето кое управувало со возилото, Ј.С. (22) од селото Пирок, како и другите сопатници В.Р. (28) од Боговиње, Ј.О. (21) од Пирок, А.М. (10) од селото Палатица, А.М. (6) од Боговиње и А.Р. (15) од селото Долно Палчиште.
Тие биле пренесени во Ургентниот центар – Тетово.