Маж на возраст од 38 години загинал вчера во сообраќајна несреќа која се случила на регионален пат кај местото викано „Превалец“, во атарот на кратовското село Трновац.
Станува збор за лицето А.А. (38) од Скопје, кој починал на лице место, а како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Куманово, тој бил сопатник во возило „фиат добло“, кое го управувал Љ.Т. (54) од Скопје, кое се судрило со возило „дачија сандеро“, управувано од С.В. (33) од Скопје.
Со тешки телесни повреди се здобиле и двајцата возачи, по што биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Фото: Унсплеш