39-годишен македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

Маж на возраст од 39 години од Македонија денеска загина во сообраќајна несреќа која се случила на автопатот Нови Сад – Суботица, пренесуваат српските медиуми.

Се работи за Н.А., кој бил совозач во возило “киа“ кое излетало од патот кон Хоргош, а потоа се превртило.

Возилото го управувал А. А. (60), кој е тешко повреден и пренесен во болницата во Суботица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести