41-годишен тетовчанец починал на плажа во Албанија

Маж на возраст од 41 година од Тетово завчера починал на плажата Шкемби во Каваја, кај Драч, Албанија, пренесоа албанските медиуми.

Станува збор за А.С., кој бил на одмор со семејството.

Локалните медиуми пишуваат дека граѓани присутни на плажата двапати успеале да го оживеат, но поради доцнењето на Брзата помош, која пристигнала дури по повеќе од еден час, неговиот живот не можел да се спаси.

Тој имал две ќерки и бил вработен во Основниот суд во Тетово.

Според неговото семејство не боледувал од никаква хронична болест.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Познат идентитетот на 41-годишниот тетовчанец кој починал на плажа во Албанија

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести