53% од девојчињата и 19% од момчињата на возраст на 15 години имаат депресивно расположение

Асоцијација за здравствена едукација и истражување- ХЕРА, ги информира граѓаните од Општина Центар и основните учлиштата дека услугите поврзани со психосоцијална поддршка, превенција од дроги, професионални советувања за ментално здравје, како и превенција и заштита од насилство, се достапни бесплатно согласно договорот кој е потпишан со Општина Центар.

Услугите се достапни секој работен ден од понеделник  до петок, во однапред закажан термин, за сите граѓани вклучително и младите, учениците, наставниците, родителите кои се соочуваат со предизвиците на секојдневието. Контакт информации за закажување на терминини, на крајот на соопштението.

Како симболичен гест и во име на одбележувањето на 25 годишнината на ХЕРА, се изработи мурал од уметникот Ненад Тонкин. Муралот претставува симбол на охрабрување, поддршка и солидарност против врсничко и семејно насилство, а воедно поттикнува на дијалог и активно делување за создавање безбедна и поддржувачка училишна средина.

„Благодарни сме на основното општинско училиште„Кочо Рацин” од општина Центар,  за отстапениот простор каде освен пораката од муралот стои и контакт телефон каде може сите деца, родители, наставници да побараат стручна помош и поддршка во справувањето со врсничко насилство како и други предизвици со металното здравје.

Врсничкото насилство остава длабоки последици врз менталното здравје на младите. Сè почесто се соочуваме со случаи на анксиозност, депресија и изолираност кај деца и адолесценти, предизвикани од навреди, исклучување или насилство од врсниците – како во училиште, така и онлајн. 53% од девојчињата и 19% од момчињата на возраст на 15 години имаат депресивно расположение, покажуваат податоците од ХБСЦ студијата.

Потребна е заедничка акција од родителите, училиштата и институциите за да се создаде безбедна и поддржувачка средина, каде младите ќе се чувствуваат прифатени и ќе добијат навремена психосоцијална поддршка. Менталното здравје не е луксуз, туку право на секое дете. Апел до младите, молкот не е одговор, сподели и побарај поддршка кога ти е потребно!”

„Стручните служби во училиштата континуирано работат со ученици и родители согласно внатрешните процедури, но кога е потребна терапевтска интервенција, постоечките ресурси не секогаш се доволни. Со вклучување на советувалиштата на ХЕРА – кои се дел од системот на социјална заштита – училиштата добиваат дополнителна поддршка за случаи кога учениците, семејствата или старателите имаат зголемени потреби,“ истакна Ана Попризова, психотерапевтка и училиштен психолог. 

Таа истакна дека целта е да се создаде амбиент на сигурност за целосен развој на децата за да можат да ги реализираат своите потенцијали во вистинска насока – тоа е радост, среќа, љубов, разбирање и поддршка.

За повеќе информации и закажување термини, граѓаните можат да се обратат во советувалиштата на ХЕРА:

Прв семеен центар
Отворен: понеделник, среда и петок (09:00–16:00); вторник и четврток (12:00–19:00)
Телефон: 02/3200 007, +389 70 249 596
Е-пошта: [email protected]

Центар за поддршка и советување на момчиња и мажи- ММ центар
Отворен: вторник до четврток (10:00–17:00)
Телефон: +389 70 299 026

Советувалиште за превенција од употреба на алкохол и дроги во Младински центар „Сакам да знам”- Водно
Телефон: +389 2 3176 950

    Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  1. Најчитани вести