Маж на возраст од 56 години загинал вчера во сообраќајна несреќа која се случила на улицата „Борис Трајковски“ во Скопје.
Се работи за С.Х. од Скопје, а како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје, тој починал на лице место.
Сообраќајката се случила помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од починатиот и патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано Ф.П. (28) од Скопје.
Со телесни повреди се здобиле сопатниците на загинатиот возач, Н.Х. (52) и 24-годишната М.Р.А., двајцата од Скопје и Ф.М. (28) од Косово, како и возачот на патничкото возило „бмв“, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Телото на починатиот е дадено на обдукција.
Фото: Унсплеш














