По поводот годишната од трагедијата во Кочани, во која живот го загубија 63 лица, ќе се организира настан “63 километри за 63 анѓели“.
Организатор е здружението Ултра, кое доби поддршка од здружението 16март, и група млади велосипедисти.
На 15. март, ден пред трагедијата ќе се трча и вози велосипед од Штип до Кочани и назад до Штип.
Секој кој сака да учествува во настанот, потребно е да е физички здрав, да е полнолетен, да има искуство со управување со велосипед и да поседува соодветна опрема.
Може да се пријавите ОВДЕ.














