Маж на возраст од 72 години вчера загинал во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Делчево-Штип, во близина на крстосницата „Компосара“.
Станува збор за Љ.П. од кочанско Оризари, кој како што информираа од ОВР Кочани, управувал мопед „томос“ со штипски регистарски ознаки, кој се судрил со возило „рено трафик“ со кочански регистарски ознаки, сопственост на Јавна здравствена установа Виница, а кое било управувано од Б.С. (63) од виничкото село Јакимово.
Мажот починал на лице место, а неговото тело е дадено на обдукција.
Фото: Унсплеш