Маж на возраст од 83 години загинал синоќа во сообраќајна несреќа што се случила на магистралниот пат Охрид – Кичево, кај селото Оровник во Општина Дебрца.
Станува збор за В.Б. од Охрид, кој починал на лице место, а како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид, до несреќата дошло кога се судриле „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, кој го управувал починатиот маж и „ауди“ со албански национални ознаки, кое го управувал А.М. (36) од селото Синичане, Општина Боговиње.
Со телесни повреди се здобиле и возачот на „ауди“ и неговиот сопатник Б.Б. (24) од Куманово и биле префрлени во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.
Телото на починатиот е предадено на обдукција.
Фото: Унсплеш