Кои брендови ќе бидат застапени: Охрид Мол се отвора во среда

Новиот трговски центар Охрид Мол ќе ги отвори вратите за посетителите во среда, 28. мај 2025 година, информираа од таму.

-Со површина од над 17.000 метри квадратни и внимателно одбрани содржини усогласени со потребите на потрошувачите, новиот трговски центар во Охрид ветува дека ќе го редефинира концептот за пазарување, посочуваат од таму.

Во Охрид Мол присутни ќе бидат познати модни брендови како „NewYorker” и „Sinsay”, потоа „D Sport” кој ќе биде најголемата спортска продавница во Охрид, како и еден од најголемите ланци на дрогерии во Европа, „DM drogerie markt”.

Дел од Охрид Мол ќе бидат и познатиот македонски ланец на маркети „Жито”, „Meга Фешн” – мултибренд аутлет на брендовите од групацијата Inditex – Zara, Massimo Dutti, Bershka и сл, „Office Plus”, „Duki Daso”, „Sara Fashion”, „Виа Фарм”, експозитура на Хaлк Банка, тобако продавница „La Familia”, парфимерија „Piano”, „IQOS”, „Umbrella”.

Во однос на забавните содржини, „Уно” – досега најголемата игротека во градот со површина од преку 1.300m2 и вклучен lounge бар, ќе обезбеди забавно и безбедно катче за семејствата и нивните најмали членови, со таргетирана група од 2-13 годишна возраст. Дополнително, забавните содржини ќе ги збогати и „Playpark”, добро познат турски бренд, кој ќе понуди интересни активности за децата од школска возраст, односно над 7 години.

Од областа на гастрономијата, „Nocciolino Lounge Bar”, ќе биде место за релаксација на посетителите, нудејќи италијански вкусови на храна. Охрид Мол располага со сопствен паркинг за над 250 возила, авто перална, продавница за домашни миленици, цвеќара, гифт шоп, мобилара и останати придружни сервисни услуги.

Фото: Фејсбук Охрид Мол

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести