Тринаесет годишната Нела Манческа од Скопје ќе ја преставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг, информираа од МРТ.
Повеќе детали за песната, тимот и подготовките ќе бидат споделени наскоро, а од таму велат дека таа поседува „извонредни вокални способности, музичка зрелост и исклучителна сценска присутност“.
Манчевска е наградувана на повеќе меѓународни музички натпревари.
Натпреварот ќе се одржи на 13. декември во Тбилиси, Грузија.
Фото: Промо