Gentherm – глобален лидер во автомобилската индустрија, кој покрај веќе постоечкото производство во Прилеп започнува со својот план за процесот на проширување на своето производство и во Скопје.
„Инвестицијата согласно деловниот план на компанијата ќе изнесува повеќе од 30 милиони евра со 300 нови вработувања и станува збор за високо интегрирани системи за автомобилската индустрија – со нова технолошка опрема, автоматизирани линии и современо производство.
Ова значително ќе го зголеми извозот и ова е високо технолошко производство кое докажува дека сме конкурентни и на тој пазар. Со тоа, стануваме регионален хаб на Gentherm за Европа,“ изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Тој додаде дека лани годината се завршила со рекордно највисоко ниво на странски директни инвестиции – над 1 милијарда и 255 милиони евра.
Фото: Unsplash