Инфлацијата во јуни на годишно ниво 4,5%

Државниот завод за статистика соопшти дека инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јуни 2025 година, во однос на мај 2025 година, изнесува 0,8 отсто.

Индексот на трошоците на животот во јуни 2025 година, во однос на јуни 2024 година, пак, бележи зголемување од 4,5 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3,7 %.

Повисоката инфлација во јуни 2025 година, во однос на мај 2025 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 2,9 %, Рекреација и култура, Храна и безалкохолни пијалаци за 1,1 %, Разновидни стоки и услуги за 0,9 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,8 %, Ресторани и хотели за 0,5 %, Здравје за 0,3 %, Комуникации, Облека и обувки за 0,2 % и Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,1 %.

Трошоците на животот во групите Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици и Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести