Специјалниот известувач на Европскиот парламент за Македонија, австрискиот европратеник Томас Вајц, кој го подготвуваше Извештајот за напредокот на земјава, а кој вчера беше усвоен без референците македонски јазик и идентитет, вели дека не било грешка што тие биле вметнати во истиот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонскиот јазик и идентитет избришани: Изгласан Извештајот на ЕП за Македонија
– Не мислам дека тие беа грешка, но во демократски процес се одлучи таа тема да не се вклучува во овој Извештај. Мислам дека тоа е демократска одлука што треба да се прифати и ја прифаќам, рече тој на прес-конференција по усвојувањето на Извештајот, потенцирајќи дека признавањето на идентитетот и јазикот на земја кандидат за членство би требало да биде природна и непроблематична работа.
Во првичната верзија на Извештајот македонскиот јазик и идентитет ги имаше на неколку места, дел на предлог на Вајц.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: МНР